Од ВМРО-ДПМНЕ апелираат до градоначалникот на Охрид, Александар Петрески да ја одложи петнаесетдневната посета на Австралија и да остане во Охрид за доброто на градот.
Охридската пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Анита Кипаризовска – Крстеска испрати апел до политичките партии да престанат Охрид да го ставаат како блок во меѓусебните партиски препукувања, и да се обидат да го сочуваат достоинството на градот:
- Деновиве бевме сведоци дека од страна на градоначалникот на Охрид беше спуштено на исклучително ниско ниво, нивото на комуникација и тоа првенствено додека граѓаните се справуваа со она што се случуваше во Охрид, со проблемите, истакна Крстеска, повикувајќи го да престане да собира ситни политички поени.
Таа рече дека во иднина би требало градоначалникот на Охрид да набави соодветна механизација, наместо како што обвини, да купува луксузни автомобили.
- Пратеничката група од ВМРО-ДПМНЕ ги повикува владините институции да продолжат да ја следат ситуацијата во Охрид, да продолжат да следат што се случува со водостојот и да ги превземаат сите неопходни чекори за справување со ваквите состојби, повика Крстеска.
Преземено од:





Post a Comment